399

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786084577072

Година на издавање: 2009

Број на страници: 240

Димензии: 125x195

Корица: softcover

На залиха
As low as 160  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Живееме во култура copy paste. Културата што доживеа подем со развојот на информационата технологија. Таа е производ на општеството на изобилието чии плодови се користат на секој чекор. Таа е промотор на глобалното село. Таа е резултат на судирот на индивидуалната егзистенција и општествениот систем. Култура на конфликтот. Контрадикторна култура до срцевината. Оксиморон. Електрицизам. Хибрис. Глобална култура со која управуваат 'бунтовници'. Бунтот како поза. Вмрежени битници!:))

Кои од придобивките на оваа култура copy paste ќе преживеат? Одговорот на ова прашање ќе го даде времето. Ние, во оваа библиотека, само ги пренесуваме. Ништо не проповедаме ниту симулираме. Само го пресликуваме она што се случува на полето на книжевноста, уметноста, бизнисот. Бизнисот? Да, зошто да не?! Впрочем, што останува кога ќе ја одвоиме уметноста од маркетингот? Празни галерии, сали и книги што никој не ги чита. Можеме да мрмориме и да негодуваме, но така е. Доколку тоа не ви се допаѓа имате друга опција: цут. јуст (дон’т) до ит!
Октав Паранго, ненадминат првак во креирањето на рекламни слогани, поминува низ лош период во животот. Неговиот талент страда од претерување во консумирање на кокаин, трошење на пари, лесни девојки и непроспиени ноќи. Помеѓу монденскиот кварт Сен-Жермен де-Пре, семинарот во Африка и снимањето на реклами во Мајами, овој млад рекламџија ќе се обиде да ги состави делчињата од својот растурен професионален и сентиментален живот. Ексцесивна критика или документарен пастиш; како и да ја доживеете оваа книга, нема да им одолеете на духовитите забелешки на сметка на светот во кој живееме, затрупан со рекламни спотови што ни ги диктираат животните идеали.
За Фредерик Бегбеде едни велат дека е лицемер, елитист и париски сноб. Други го сметаат за идеолошко дете на Мишел Уелбек и најдобар писател на новата книжевна сцена во Франција. Тој самиот, пак, тврди дека не е Бубо (буржуј боем) туку Бобу (богаташ бунтовник). За него пишувањето не значи да се објаснува животот, туку да се прикаже без шминка. Вели дека книгите мора да одат подалеку од телевизијата ако сакаат да поттикнат интерес. Тие мора да го покажат невидливото. Овој талентиран млад писател смета дека денес „непотчинувањето станало облик на потчинетост“ и дека „револтот претставува составен дел на играта“. Биди и ти дел од забавата.

frederic-beigbeder

Фредерик Бегбеде

Фредерик Бегбеде е роден во 1965 година. Посетувал елитни училишта, а на 24-годишна возраст дипломирал на ценетата Школа за политички науки. Спротивно на очекувањата, не го продолжил школувањето, ту...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил