Јади моли се вљуби се

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082433974

На залиха
За само 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Приказна што инспирира и охрабри милиони луѓе низ светот да го пронајдат најдоброто во себе!

Ова е една од највлијателните книги на сите времиња – подеднакво прекрасна, мудра и лична, богата со духовна проникливост, вистинска потрага по смислата на животот. По болниот развод Елизабет Гилберт презема радикален чекор. Сакајќи да си даде време и простор за себепронаоѓање, го остава вообичаениот западен начин на живот и тргнува да истражи три различни аспекти на својата природа во опкружување на три различни култури.

Првата дестинација е магичната Италија – идеална за истражување на гастрономските и друг вид задоволства. Потоа Индија, каде што ја преиспитува својата духовна приврзаност. На крајот, заминува на индонезискиот остров Бали, каде што доаѓа до балансот меѓу телесното уживање и посветеноста на божественото.

Сензуална и авантуристичка духовна одисеја што колку што е интересна, толку е и просветлувачка.

elizabeth-gilbert

Елизабет Гилберт

Елизабет Гилберт (1969) е американски бестселер автор со шведско потекло. Родена е во Вотербери, Конектикат. Дипломирала политички науки на Универзитетот во Њујорк во 1991 година, по ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил