Амстердам

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/205

Нема на залиха

Краток опис

ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА

Еден леден февруарски ден, двајца стари пријатели се среќаваат пред крематориумот, во множеството што се собрало да ѝ оддаде почит на Моли Лејн. И Клајв Линли и Вернон Халидеј некогаш биле нејзини љубовници, пред да се изборат за своите сегашни угледни положби (првиот е еден од најуспешните британски современи композитори, а вториот е главен уредник на дневниот весник Судија.) Моли имала и други љубовници, меѓу кои истакнато место заземал и Џулијан Гармони, министер за надворешни работи и закоравен десничар, со најголеми изгледи да стане претседател на владата. Но дури по нејзиниот погреб, судбината ќе им приреди најсериозни искушенија...

Овој роман, своевидна морална сага, претставува кулминација на прозното дело на Мекјуан. А зошто токму Амстердам? Расплетот што се случува во овој град претставува највозбудлив пресврт во оваа приказна преполна со изненадувања.

ian-mcewan

Јан Мекјуан

ЈАН МЕКЈУАН е англиски писател и сценарист роден во 1948 година во Алдершот. Има објавено две збирки кратки раскази: Прва љубов, Последен обред и Помеѓу чаршафите и десет романи: Бетонска градина, У...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил