Ангелот чувар

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2010

Димензии: 112X180

Нема на залиха

Краток опис

Оваа магична приказна за прифаќањето на минатото и за верба во сопствената иднина, започнува во Рио де Жанеиро, кога Пауло Коелјо му дава примерок од книгата Алхемичарот на мистериозниот учител Ж. и му го доверува својот немир поради тоа што сите негови соништа пропаѓаат токму кога е на прагот да ги оствари. Ж. му наложува на Коелјо да го пронајде својот ангел-чувар и да зборува со него. „Проклетството ќе исчезне“, му вели тој, „ако ја исполниш таа задача“. Прифаќајќи го предизвикот, Пауло со сопругата Крис остава сè и заминува на четириесетдневна авантура во преубавата но опасна пустина Мохаве - каде што и двајцата наоѓаат многу повеќе од она што очекуваат. Мајсторската мешавина на локалната егзотика, драматичните настани и магичните случувања - заштитниот знак на романите на Коелјо - ја прават оваа автобиографска исповед истовремено и модерна авантура и метафизичка одисеја.

paulo-coelho

Пауло Коелјо

Еден од највлијателните писатели на нашево време, Пауло Коелјо е автор на многубројни меѓународни бестселери, вклучувајќи ги „Алхемичарот“, „Алеф“, „Единаесет минути“ и „Ракописот од Акра“. Преведен...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил