јohan-harstad

Јохан Харстад

Јохан Харстад (10 февруари 1979, Ставангер) е норвешки романсиер, раскажувач, драматург и графички дизајнер. Дебитирал на книжевната сцена во 2001 година, како дваесет и двегодишник, со збирката раскази Отсега само ќе старееш, а веќе следната години ја објавил втората збирка раскази Амбулантно возило. Во 2005 година излегува од печат неговиот прв роман, Баз Олдрин, каде исчезна во оваа збрка? Романот е преведен на повеќе од 10 јазици и според него во 2009 година е снимена телевизиска серија со најпознатите норвешки актери. Во 2008 година Харстад го објавил својот прв научнофантастичен роман Дарла – 172 часа на Месечината, кој е своевидна комбинација од фантастичните и хорор-филмови од 70-тите и 80-тите години. Истата година за негоја добива наградата „Браге“ за најдобар роман за деца. Преведен е дури на 27 јазици, а критиката го прогласи за најдобриот норвешки научнофантастичен роман на сите времиња. Во 2009 година Харстад бил првиот вработен драматург во Националниот театар во Осло. Објавил два тома драми, БСИДЕС во 2008 и Итн. во 2010 година. За Итн. во 2014 година ја добил норвешката награда „Ибсен“ и повторно бил номиниран за наградата „Браге“. Во 2017 година беше објавен и неговиот нов роман, Макс, Миша и офанзивата Тет.

0 книги од овој автор.