Габриел Гарсија Маркес
Габриел Гарсија Маркес, роден во Колумбија, е една од најважните и највлијателните фигури на светската литература. Добитник на Нобеловата награда за литература во 1982 година, е автор на кратки раскази, есеист, филмски критичар, сценарист, а пред сè, ангажиран интелектуалец со големите проблеми на нашето време, а на прво место, со оние кој влијаат на неговата сакана Колумбија и хиспанофонската Америка воопшто. Највисок претставник на таканаречениот „магичен реализам“, во кој историјата и мечтата го ткаат тепихот на една жива литература, која диши низ сите нејзини пори, тој дефинитивно е создавач на еден од световите на раскажувањето кои има најмногу значења, а што го дала шпанскиот јазик во ХХ век. Меѓу неговите најзначајни романи се Сто години самотија, Полковникот нема кој да му пишува, Хроника на една најавена смрт, Лош час, Генералот во својот лавиринт, книгата со раскази Дванаесет искушенија, Љубов во време на колера и Остра критика на љубовта против седнатиот човек. Во 2002 година го објави првиот дел на неговата автобиографија, Да се живее за да се раскаже.