Smiljan_Mori

Смиљан Мори

Смиљан Мори е дипломиран правник, меѓународен претприемач и мотивациски говорник, како и автор на повеќе бестселери: МотивАкција сега, МотивАкција без граници, Разбудете го победникот во себе и многу други. Неговата приказна почнува во едно мало село во регионот Штаерска во Словенија, каде што пораснал со родителите и со сестра си. Учел за полицаец и криминалист, а подоцна дипломирал на Правниот факултет во Љубљана. Но патот го одвел во деловните води, каде што со сопругата Хелена води една од најголемите осигурителни агенции во Средна Европа, и на подрачјето на личниот развиток. Годините поминати во образование, посетување на семинари и собирање скапоцени искуства го направиле еден од најомилените и најделотворни животни обучувачи и мотивациски говорници во Европа. Има настапувано пред 300 илјади луѓе и има напишано повеќе книги објавени на словенечки, хрватски, руски и на англиски јазик. Ја има формирано водечката платформа за е-учење, Top Success Club, со свои курсеви и со курсеви на други светски познати стручњаци, коишто се отскочна штица за живот исполнет со успех и изобилие. Неговите дела се поткрепени со научно докажани стратегии и методи што потекнуваат од подрачјето на невронауката и позитивната психологија. Им помогнал на голем број луѓе, вклучувајќи и спортски тимови и спортски ѕвезди. Негова најголема гордост е неговото семејство, како сопруг и посветен татко на две деца, за кои тој и неговата сопруга се труделе цели 10 години. Неверојатната приказна на Смиљан Мори секојдневно инспирира илјадници луѓе на кои им помага со своите книги, курсеви, семинари и социјални мрежи.

2 books by this author: