Toni_Robins

Тони Робинс

Ентони Робинс е претприемач, милионер уште откога наполнил дваесет и четири години – основач на девет компании – и автор на бестселерот Неограничена моќ, една книга што сега е објавена на тринаесет јазици во светот. Го сметаат за американски лидер во областа на обуката за човековиот развој, а основач е и претседавач на бордот на корпорацијата „Робинс рисерч интернешнал“ (Robbins Research International, Inc.), истражувачката и маркетиншката гранка на неговите бизниси за личен развој. Како човек којшто е силно посветен да придонесува и да го подобрува животот, тој ја има основано фондацијата „Ентони Робинс“ како филантропска организација со цел да има помага на оние поединци до кои на друг начин не би можело да се допре. Со тоа што им овозможува на младите, на постарите, на бездомните жители и на затворениците во САД да си ги искористуваат нивните внатрешни ресурси, Фондацијата истовремено ги оснажува овие честопати заборавени членови на американското општество да станат луѓе што даваат важен придонес во општеството. Уште од 1984 година, милиони луѓе уживаат во топлината, хуморот и динамичниот стил на презентација на семинарите на г. Робинс за корпоративен, продажбен и личен развој. Тој бил консултант за врвни постигања на раководните лица на организации од типот на Ај-би-ем, Еј-ти-енд-ти, „Американ експрес“, „Мекдонел–Даглас“ и Армијата на САД, како и на професионални спортски тимови, како „Лос Анџелес доџерс“, „Сиетл маринерс“, и на спортисти носители на олимписки златни медали.

2 books by this author: