a-s-a-harrison

А. С. А. Харисон

Сузан Харисон (1948–2013) е канадска писателка и уметница што пишувала под псевдонимот А. С. А. Харисон. Живеела во Торонто со својот сопруг, визуелниот уметник Џон Меси. Харисон имала различни интереси во младоста: перформансот, психологијата, сексуалноста, јогата и медитацијата, правата на животните. Има работено како новинар и графички уредник за повеќе новински агенции во Торонто и има издадено четири публицистички дела. Нејзиниот прв роман, психолошкиот трилер Тивката жена, објавен во 2013 година, наиде на одлични критики и стана светски бестселер. Непосредно пред неговото издавање, додека работела на својот втор роман, Харисон починала од рак, на шеесет и петгодишна возраст.

1 книга од овој автор: