adrian-teleşpan

Адријан Телешпан

Адријан Телешпан е романски автор кој на европската кни- жевна сцена станува популарен со своето првенче „Гробиштата“. Роден е на 11 ноември 1979 година, во Драгашани, во навидум нормално семејство. Имал тешко детство, пред сè, затоа што се родил со многу мала тежина и докторите предвиделе дека ќе жи- вее само 48 часа. Но тој преживеал, и иако подоцна, на четири години, се разболел и од менингитис, сепак успеал да израсне во здрав и успешен човек.

Во 1999 година завршил гимназија во родниот град. Потоа една година студирал право, четири години новинарство и две години актерство. Од 2000 до 2012 година работел како извршен продуцент во неколку телевизиски куќи во Романија, а потоа емигрирал во Велика Британија.

„Гробиштата“ e една од најценетите книги објавени во 2013 година. За неа Телешпан добива неколку награди за литература, а книгата е популарна и на многу специјализирани литературни страници и блогови.

Станува збор за автобиографска фикција која опфаќа теми што се контроверзни и кои на ова поднебје се кријат под тепих. Иако не се смета за писател, бидејќи не пишува за да биде популарен туку за да ѝ даде на публиката нешто што ќе ѝ се допадне, се- пак е свесен дека преку книгата го постигнува тоа. Или, како што вели самиот: „Единствената порака што ја имам за вас е оваа: не сакам да ве научам на ништо, но сакам да ви се допадне она што го напишав. Она што го држите в рака е книга што можевте и вие да ја напишете. Таа е едноставна и непретенциозна, бидејќи јас не сум писател. Отворете ја на првата страница и ќе видите дека сѐ што правам во првите редови го правите и вие секој ден. Опуштете се, крајот е секогаш ист!“

1 book by this author: