afonso-cruz

Афонсо Круж

Афонсо Круш е португалски писател, аниматор, илустратор и музичар. Роден е во 1971 година, во Фигеира да Фоз, а учел во средното уметничко училиште „Антонио Аројо“, Факултетот за ликовни уметности во Лисабон и на Институтот за применета уметност во Мадеира. Бил избран за еден од 40 нови таленти од страна на весникот „Експресо“. Својот прв роман Божествено тело – Авантурите на Конрадо Фортес и Лола Бенитес (A Carne de Deus – Aventuras de Conrado Fortes e Lola Benites) го објавил во 2008 година, а веќе следната година го објавил романот Енциклопедија на светската историја (Enciclopédia da Estória Universal), за кој ја добил наградата „Камило Кастело Бранко“. Во 2010 година ги објавил делата Книгите што го уништија мојот татко (Os Livros Que Devoraram o Meu Pai), добитник на наградата за литература „Марија Роса Колако“, и Човековата контрадикција (A Contradição Humana), добитник на наградата од Друштвото на писателите на Португалија во 2011 година. Неговиот роман Куклата на Кокошка (A Boneca de Kokoschka) ја доби наградата за литература на Европската Унија. Од 2007 година, илустрирал повеќе од триесет книги за деца, а некои од нив се закитиле со награди за најдобри оригинални илустрации. Работел и како аниматор на повеќе филмови и телевизиски серии. Заедно со уште двајца колеги, автор е на краткометражниот филм Двата дневника и Азулехо (Dois Dários and a Azulejo) кој добил неколку значајни признанија и учествувал на неколку меѓународни фестивали.

Член е на блуз-бендот The Soaked Lamb.

1 book by this author: