agnes-martin-lugand

Ањес Мартен-Лиган

Ањес Мартен-Лиган (1979) е родена во Сен Мало, Франција. Магистрира психологија и шест години работи како клинички психолог во областа на детската психологија. Ја напушта работата по раѓањето на својот прв син и му се посветува на пишувањето. Кога го напиша првиот роман Среќните луѓе читаат и пијат кафе (2013) таа го оствари својот сон и стана писателка, но по обратен редослед. Откако ја одбиле двајца издавачи, таа својот роман го објавила сама, и тоа не во печатена форма, туку на „Амазон киндл“. Благодарение на препораките од книжарниците и читателите, книгата многу брзо доживеа огромен успех и во Франција и во светот. Така Ањес најпрво ја стекна наклоноста на читателите, а дури потоа на вистинските издавачи, со што стана феномен во издаваштвото. Романот е преведен и издаден во дваесетина земји. Според него наскоро ќе биде снимен и холивудски филм. Во 2015 г. излегува од печат и неговото продолжение, Животот е лесен, не грижи се. Ањес Мартен-Лиган досега има објавено осум романи: Среќата ми се излизга од рацете (2014), Жалам, ме чекаат (2016), Сè уште ја слушам таа музика (2017), Во светлината на утрото (2018), Доказ (2019), како и расказот Благодарам, наставничке (2016). Во нив таа на префинет начин, со многу нежност и хумор, ги анализира механизмите на човечката душа раскажувајќи приказни кои допираат до сечие срце. Живее во Руан со своето семејство.

3 books by this author: