agron-useini

Агрон Усеини

Агрон Усеини е роден во Скопје, во 1988 година. Студирал на Правниот факултет на „Универзитетот на Југоисточна Европа“, а по завршувањето на студиите, својата кариера ја пренасочил во светот на маркетингот, во кој почнувајќи од 2014 година се вројува меѓу основачите на агенцијата и маркетинг „Пејџленд“ (Pageland). Специјалност му се градење на брендови, стратегиска реимагинација на визуелниот пристап на брендовите, традиционално и дигитално рекламирање. Иако уште многу млад ја има откриено својата желба за творење, неговите ракописи стојат со години во фиоките, сè до ова негово првенче. „Овириум“ е прв дел од серијалот книги насловен како „Овириум – отаде смртта“.

Со ова негово прво официјално издадено дело придонесува за збогатување на домашната книжевна сцена во област која се чини малку запоставена –научнофантастичните романи.

1 book by this author: