alejandro-palomas

Алехандро Паломас

Алехандро Паломас (1967, Барселона) е современ шпански писател, новинар и преведувач на значајни автори. Дипломирал англиска книжевност. Пишува романи за деца и млади и за возрасни. За своето творештво има освоено голем број признанија. Меѓу најзначајните дела му се вбројуваат романите: „Време на срцето“, „Тајната на Хофманови“, „Душата на светот“, „Сета љубов“, „Сиот живот“, „Небото што ни останува“, „Мајка“, и „Син“. За романот „Син“ (2015) Паломас ја доби Националната награда за книжевност за деца и млади во 2016 година. Kнигата обработува современи теми на трогателен и неповторлив начин. Иако е наменета пред сè за деца и млади, успева да го зграпчи вниманието на секој читател од која било возраст, кој навлегува во возбудливата приказна на главните јунаци проткаена со суптилни и прикриени значења што ќе достигнат драматична разврска.

1 книга од овој автор: