aleksandar-hemon

Александар Хемон

Александар Хемон е роден во 1964 во Сараево. По татко е Украинец, а по мајка босански Србин. Во 1992 година заминува на студии во Америка, каде што непланирано останува поради почетокот на војната во Босна и Херцеговина и опсадата на Сараево. Првата приказна на англиски јазик ја напишал во 1995 година. Книжевната слава ја постигнува со првата збирка раскази, Прашањето за Бруно во 2001, која наиде на фантастичен прием како кај книжевната критика, така и кај читателската публика. Со оваа збирка тој станува еден од најоригиналните нови автори и оправдано го споредуваат со Набоков и Конрад. По успешното деби во 2004 го објавува романот Човек без минато, во кој ги обработува авантурите на Xозеф Пронек, неговото алтер-его, осамениот босански емигрант кој се обидува да плива по матните води на современа Америка. Тој е автор на колумната „Хемонвуд“ во дневникот БХ Дани. Добитник е на стипендијата „Гугенхајм“ во 2003, како и на престижната американска награда на фондацијата „Мекартур“ (2004) и на многу други признанија. Живее во Чикаго со сопругата и ќерката.

1 книга од овој автор: