aleksandar-kiradzhiev

Александар Кираџиев

Александар Кираџиев е роден во Скопје, во 1987 година. Со атлетика се занимава од 1998 година, под тренерската палка на Методија Веновски – Мето. Од 2000 година е стандарден репрезентативец на Македонија. Дипломира на Полициска акедeмија во Скопје, во 2009 година. Заедно со неговата сестра Весна и неговиот тренинг-партнер Томе Попчевалиев, истата година го основаат атлетскиот клуб „Индјуренс“ и истоимената веб-страница www.endurance.mk, прва со ваков тип содржини во Македонија. Моментално работи во финансиска институција и во слободното време пишува атлетски статии за нивниот веб-сајт. Во 2015 година, на Миланскиот маратон, го истрча најдобриот резултат во Македонија во интервал од повеќе од една деценија, во најтешката атлетска дисциплина, маратон (2:38). Тој е актуелен национален првак во маратон. Во 2016 година станува сопруг и татко на малиот Вања. Неговата атлетска одисеја продолжува.

0 книги од овој автор.