aleksandarsekulov

Александар Секулов

Александар Секулов е современ бугарски романсиер, поет, драматург и новинар. Роден е на 6 јануари 1964 година, во Пловдив. Завршил Средно специјално уметничко училиште за сценски кадри, со специјалност помошник-режисер, и студирал бугарска филологија на Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хиландарски“.

Автор е на романите Колекционер на љубовни приказни, Малата светица и портокалите, Господ слегува во Атина, Гравер на соништа, Островот и Скитникот и синовите. Ги издал и поетските книги Седмо небо, Високо, над далечината, Карти и географии, Восхитувачко и лесно, Море на живите. Ги објавил книгите есеи и публицистика Мајсторот и камењата, Високите камени ридови, Историја на минималниот отпор, Хронолошки роман во една колона. Носител е на наградата „Аскеер“ за пиесата Нема струја за електричниот стол. Неколкукратен носител е на националните литературни награди „Академија“ и „Цветан Зангов“, двапати на наградата „Иван Николов“ за Високо, над далечините и Восхитувачко и лесно. Преведуван е на англиски, германски, француски, унгарски и македонски јазик.

Работи како драматург во Драмскиот театар во Пловдив. Тој е еден од најзначајните креатори на културниот живот во својот град и сопственик е на два од најдобрите рок и џез-клуба во Пловдив.

1 book by this author: