aleksandra-kacarski

Александра Кацарски

Александра Кацарски е професионалец за кариерен коучинг и кариерно советување, НЛП-тренерство, менаџмент со човечки ресурси, автор. Таа е професионален советник за кариера со неколку значајни меѓународни програми и сертификати – Програмата за глобален фацилитатор за развој на кариерата – GCDF, обезбедена од страна на Европскиот совет за сертифицирани советници (EBCC) од Португалија и Центарот за кредитација и едукација од Швајцарија, кои се партнери на Националната агенција за кариерен развој во САД (NCDA). Таа е сертифициран коучер за кариера преку Програмата на Институтот за кариерен коучинг во САД (CCI), акредитирана од Меѓународната федерација за коучинг (International Coach Federation – ICF). Истовремено е и сертифициран тренер и лиценциран обучувач на возрасни. Моментално ја привршува целокупната програма за меѓународен НЛП-тренер и трансформациски коуч во Центарот „Excellence Assured“ од Велика Британија, под акредитација на меѓународното Здружение за извонредност на НЛП (NLPEA).

Дипломира на Економскиот факултет, а магистрира од областа менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Предизвикот за придонес во науката и научната истражувачка база го реализира на докторските студии на Катедрата за бизнис-администрација на Универзитетот Американ колеџ, Скопје. Кариeрата ја започнува во раните студентски денови, како тимски лидер и истражувач на пазарот во семејна компанија. Во Државниот завод за статистика работи како економист аналитичар, по што кариерата на статистичар ја продолжува во Народната банка на РСМ. Потоа преминува во Дирекцијата за управување со човечките ресурси и посветено работи како дел од тимот за човечки ресурси во оваа Дирекција. Нејзините идни интереси се насочени кон коучингот и советувањето од областа на развојот на кариерата, поставувањето современи системи за управување со кариерата, како и развивање на НЛП-програми за постигнување на животните и кариерни цели.

Член е на Македонската асоцијација за човечките ресурси и на Асоцијацијата на советници за развој на кариера. Автор е на книгата Советување и коучинг за развој на кариерата на вработените во организацијата (2015).

1 book by this author: