aleksandra-todorovikj

Александра Тодоровиќ

Александра Тодоровиќ (Филиповска – Јанковиќ) е македонска авторка, пред сè позната по книжевните светови кои им ги подарува на децата. Родена е во 1980 година, во Скопје, каде што го завршува и средното образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а потоа дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на одделот за новинарство. Понатамошниот животен тек го продолжува по новинарските води, работејќи како новинар и водител во МТВ, една од најистакнатите телевизиски канали во Македонија. Додека се занимава со новинарството, паралелно ѝ се јавува желбата за пишување книжевни текстови, која и по осумнаесет години сè уште не згаснува.

2 books by this author: