ana-ahmatova

Ана Ахматова

Ана Ахматова (Ана Андреевна Горенко Ахматова) е родена на 23 јуни 1889 година, во Одеса. Била ќерка на поморски инженер. До својата шеснаесетта година живее во Павловско и Царско Село во близина на Ленинград, во кое некогаш бил сместен познатиот Царскоселски лицеј во кој се школувал младиот Пушкин. Потоа се запишува на студии по право на Универзитетот во Киев, но наскоро заминува во Петроград, каде што го насочува сиот свој интерес кон литературата, посебно кон поезијата. Во 1910 се мажи за поетот Николај Гумиљов, кој по Октомвриската револуција од советските власти е осуден на смрт и стрелан во 1921, како непријател на новото општествено уредување – комунизмот, но тогаш таа е веќе разведена од него. Во годините на својата мажачка таа патува во Франција и Италија, од каде ќе донесе грст мотиви за својата лирика. Зa време на својот престој во Париз се запознава и се спријателува со знаменитиот, но тогаш сè уште непознат, италијански сликар Амадео Модиљани, кој ќе ѝ направи шеснаесет портрети.

1 book by this author: