Ана Аврамовска
Ана Аврамовска е родена во 1991 година, во Куманово.
Животниот пат ја носи на друг континент.
По дипломирање на Универзитетот во Викторија, започнува да работи во Канал 7 (Channel 7) во Сиднеј, на ТВ-шоу. Работејќи со истакнати и креативни луѓе, писатели и уредници, се инспирирала да ја насочи својата кариера кон издавачкиот свет.
Повторно дипломира со две специјализации на Универзитетот за уметност во Сиднеј (Sydney University) – во областа лингвистиката и по англиски јазик – каде што во 2017 година е наградена за натпросечен успех, најдобар во генерацијата.
Поседува сертификат за предавање англиски јазик од Универзитетот на Кембриџ, а на Универзитетот во Мелбурн сега магистрира на Одделот за креативно пишување, објавување и уредување.
Во нејзиното работно искуство се вбројува и уредувањето на веб-серија за режисерката Кели Смит, а меѓу освоените награди стои и наградата за поезија од „Ред рум поетри“ (Red Room Poetry). Во моментов работи како консултант и уредник во образовната институција Академија „Џенерејшен Аустралија“ (Generation Australia).
Објавува поезија и проза на повеќе портали. „Водни тела“ е нејзин прв роман.