ana-bučević

Ана Бучевиќ

Ана Бучевиќ е родена во 1978 година во Сплит. Мајка е на дванаесетгодишната Ани и на двегодишниот Лукас. Во 2003 година дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Сплит, Хрватска, а по занимање е професор по кинезиологија. Свесна дека да се биде професор значи да се биде и воспитувач, а и свесна за важноста на емоционалната интелигенција за среќен и успешен живот, во 2009 година се насочила на развојот на тој вид интелигенција кај децата и истата година започнала соработка со приватно основно училиште, како и со Центарот за личен развој, во кој го почнува проектот „Сафари на духот“, одобрен од Министерството за образование, наука и спорт на Република Хрватска. Две години работела како уредничка и водителка на едукативната телевизиска емисија „Сафари на духот“ на регионалната телевизија. Пишувала колумни за неколку хрватски портали.

Ана Бучевиќ е активна и на каналот „Сафари на духот“ на „Јутујуб“, на кој речиси секојдневно објавува мотивациски видеа. Каналот во моментов брои преку 17 милиони прегледи.

4 книги од овој автор: