andres-neuman

Андрес Неуман

Андрес Неуман е роден во 1977 година, во Буенос Аирес, Аргентина, каде што го поминал своето детство, а денес живее во Гранада, Шпанија. Дипломирал на Универзитетотво Гранада, на Групата за шпански јазик и книжевност, каде што подоцна предавал Латиноамериканска книжевност. Важи за еден од најдобрите и најпреведуваните млади автори од шпанското говорно подрачје. Пишува романи, поезија, раскази, афоризми и патописи. На дваесет и две години го пишува својот прв роман, Барилоче (1999), кој е финалист за наградата Хералд, а од весникот Ел мундо е избран за еден од десетте најдобри романи на годината. За романот Патувач на векот (2009) ја добива наградата Алфагуара и Националната награда од критичарите, а влегува и во најтесен круг за наградата ИМПАК – Даблин. Неговиот трет роман, Разговори со себеси (2012), исто така е селектиран за наградата ИМПАК – Даблин, додека преводот на овој роман на англиски јазик е избран на листата за наградите за Најдобри книги од преводната литература. Покрај романи, Неуман има објавено и четири збирки раскази и неколку поетски книги.

2 books by this author: