anita-supe

Анита Шупе

Шибенчанката Анита Шупе дипломирала на отсекот за прехрана и нутриционизам на Гетеборшкиот универзитет во Шведска. Посветила многу години на проучувањето на палео– LCHF-исхраната, а од 2010 г. преку својот популарен блог „Вистини и лаги за исхраната“, со директна комуникација помага на илјадници луѓе да ја преземат грижата за сопственото здравје во свои раце со едноставна промена на прехранбените навики. Во 2012 година ја пишува и книгата со исто име, која набрзо стекнува популарност и за која често може да се прочита дека е „револуционерна“ и „книга која отвора очи“. Анита Шупе се занимава и со издавачка дејност, го напиша и објави првиот хрватски LCHF-готвач, преведува други научни материјали од областа на исхраната и здравјето, врши лично нутриционистичко советување, и постојано одржува семинари, работилници и други едукативни собири.

1 book by this author: