anthony-de-mello

Ентони де Мело

Ентони де Мело е роден во 1931 г. во Бомбај, Британска Индија. Тој е езуитски свештеник и психотерапевт кој се прославил со своите духовни книги. Како меѓународно признаен духовен водач, писател и говорник, Де Мело има одржано многу конференции за духовноста, работилници, семинари за молитва и групни терапии ширум светот – работа во која бил вклучен цели осумнаесет години. Бил и раководител на Институтот Садана за пастирско советување во Пуна, Индија. И покрај неговата ненадејна смрт од срцев удар во 1987 г., зад себе остава богато наследство на духовни учења преку своите пишани и снимени зборови: Садана – Патот до Бога, Едноминутна мудрост, Патот до љубовта, Срцето на просветлените итн. Дел од неговите книги се објавени постхумно врз база на белешки и снимки од неговите конференции.

3 книги од овој автор: