arnaldur-indridason

Арналдур Индридасон

Арналдур Индридасон е роден во Рејкјавик, во 1961 година. Повеќе од две децении е најчитаниот и најпреведуван исландски писател, а најпознат е по серијалот книги во кои главен лик е полицискиот инспектор Ерлендур. Првата книга од овој серијал, Деца на правта, е објавена во 1997 година, а оттогаш има објавено уште тринаесет продолженија. Најуспешна книга од овој серијал е токму Мочуриште, која ја понесе наградата Стаклен клуч за најдобар скандинавски криминалистички роман во 2002 година, а потоа доживеа и филмска адаптација. Живее во Рејкјавик.

2 books by this author: