arnon-grunberg

Арнон Грунберг

Арнон Грунберг (1971) е еден од најпознатите писатели во современата холандска литература. Роден е во Амстердам, во семејство на германски доселеници кои го преживеале холокаустот. Пред да ја објави својата прва книга, бил исклучен од гимназијата како асоцијален елемент и сменил повеќе работни места. Од 1995 година живее во Њујорк. Има освоено многу литературни награди и преведен е на повеќе јазици. Во 2009 година ја доби највисоката холандска награда за своето творештво, „Константин Хајгенс“. Освен Азилантот (2003), Арнон Грунберг објавил и повеќе други дела – романи: Сините понеделници, 1994; Статисти, 1997; Фантом болка, 2000; Еврејскиот Месија, 2004; Тирза, 2006; Нашиот чичко, 2008; новели: Свети Антонио, 1998; Мајмунот што ја зграпчува среќата, 2004; есеи: Утехата на комедијата, 1998; Техниката на страдањето, 2005; книги со раскази: Ценетото човештво, 2001; Пофалба на лудоста, 2001; Амуз–гул, 2001; Грунберг околу светот, 2004; сценарио Четиринаесеттото пиленце, 1998; стихозбирка Љубовта е бизнис, 1999; писма Затоа што те сакам, 2007; новинарски репортажи Собарки и војници, 2009 и други.

1 книга од овој автор: