arundhati-roy

Арундати Рој

Арундати Рој е родена во 1961 година во Бенгал, Индија, а детството го минува во градот Керала. Таа го напушта својот дом на 16 годишна возраст и се запишува на школата за архитектура во Делхи. Откако го запознава својот прв сопруг, се одлучува да работи како сценарист, пишувајќи сценарија за филм и телевизија. „Богот на малите нешта“ е нејзин прв роман, создаден на триесет и седум годишна возраст, со кој ја освои престижната Букерова награда и стекна светска слава. Рој е еднакво позната и како активист и портпарол на антиглобализациското и антивоено движење, и како жесток критичар на неоимперијализмот и на глобалната политика на САД. За своите мировни активности таа ја доби Сиднејската награда за мир во 2004 година. Во моментов живее во Делхи со сопругот и двете деца.

1 книга од овој автор: