augustine-og-mandino

Ог Мандино

Ог Мандино е еден од најчитаните автори на светот, кога станува збор за теми за човековиот самонапор и човековото самовдахновение. Четиринаесетте негови книги, преведени на осумнаесет јазици, се продадени во повеќе од дваесет и пет милиони примероци. Илјадници луѓе, припадници на најразлични професии, отворено му оддадоа признание за промените што ги внесол во нивниот живот, како и за чудата што ги пронашле во неговите зборови. Меѓу неговите книги на мудроста, на вдахновението и љубовта се наоѓаат и: 17 правила за исправно живеење; Избор; Христовото послание; Акабаровиот дар; Најголемото чудо на светот; Најголемиот трговец на светот; Најголемиот трговец на светот, втор дел: Крајот на приказната; Најголемата тајна на светот; Најголемиот успех на светот; Мисијата: успех!; Високата школа за успех на Ог Мандино и Враќањето на старинарот.

1 книга од овој автор: