Барбара Абел
Барбара Абел е современа белгиска писателка, авторка на психолошки и детективски трилери. Родена е на 12 март 1969 година, во Брисел. На 15 години завршила курс по театар на Академијата Етербек, а потоа студирала на Слободниот бриселски универзитет, на кој завршила романистика.
Својата прва театарска пиеса ја напишала на 23 години. Објавувала свои текстови во литературната периодика, а во 2002 година го издала првиот роман Мајчински инстинкт.
Потоа целосно му се посветува на пишувањето и ги објавува романите Двојност, Непознатиот, Не знам, Те сакам, Изгорени- ца од чоколадо, Убави години за умирање и др.
Во 2012 година го издава романот Зад омразата, а во следната година и неговото продолжение насловено како По крајот.
Повеќето од нејзините романи се преведени на неколку јазици, а некои се и екранизирани.
Живее во Брисел, со сопругот и двете деца.