barbara-pease

Барбара Пиз

Алан и Барбара Пиз се меѓународно признати експерти во областите на односите меѓу луѓето, говорот на телото и комуникациските вештини. Напишале 18 топ-10 бестселери, од кои 10 се искачиле на првото место. Нивните книги се преведени на 54 јазици и продадени се во над 27 милиони примероци низ целиот светот. Најуспешни наслови во Австралија им се: Дефинитивна книга за говорот на телото, Зошто мажите не слушаат, а жените не знаат да читаат мапи и Зошто мажите немаат врска, а на жените им требаат повеќе чевли.

Редовно се појавуваат во медиумите во целиот свет, а нивната работа била тема на 9 телевизиски серии, 4 театарски претстави и еден филм рангиран како филм со најмногу продадени билети. Нивната компанија, International Ltd, произведува видеа, курсеви за обука и семинари за деловни субјекти и влади низ светот. Секогаш се во движење, редовно одржуваат семинари во 70 земји, меѓу кои се и Велика Британија и Русија, Америка и, се разбира, во Австралија. Нивната месечна колумна за односите меѓу луѓето има повеќе од 20 милиони читатели во 25 земји.

Барбара и Алан живеат во Квинсленд и имаат 6 деца и осум внуци.

0 книги од овој автор.