ben-okri

Бен Окри

Бен Окри е современ африкански писател, поет и есеист. Роден е во 1959 г. во Мина, Нигерија, а по студиите по компаративна книжевност на Универзитетот во Есекс останува да живее и да работи во Лондон. По успехот на неговиот прв роман Цвеќиња и сенки тој работи како уредник на поетската рубрика во списанието Вест Африка, и како соработник во Би-би-си ворлд сервис. Окри пишува во духот на постколонијализмот, африканските легенди и преданија и магичниот реализам, и во неговиот книжевен опус се вбројуваат романите Внатрешни пејзажи, Гладниот пат, Волшебни песни, Зачудувајќи ги боговите, Внатрешни пејзажи, Небесни птици, Опасна qубов,Бескрајни богатства, Во Аркадија и Ѕвездена книга; збирката Случки од светилиштето, збирката поезија Африканска елегија, како и книгата есеи под наслов Патот на ослободувањето. Меѓу многубројните книж евни признанија што ги добил за своите дела се наградата Комонвелт за Африка, наградата Ага Кан што ја доделува списанието Парис ривју, како и Букеровата награда за романот Гладниот пат, што му го обезбедуваат статусот на еден од водечките африкански писатели. Окри е почесен заменик-претседател на англискиот ПЕН Центар, како и член на советот на Кралскиот национален театар.

1 книга од овој автор: