benjamin-idriz

Бенјамин Идриз

Бенјамин Идриз е имам и автор познат по својот општествен активизам во Германија.

Роден е во 1972 година, во Скопје, а денес живее во Пензберг, близу Минхен. На единаесетгодишна возраст ја завршил обуката за хафиз, личност која напамет го знае целиот Куран, кај својот татко, хафиз Идриз ефендија, познат скопски имам. Непосредно по завршувањето на обуката одржал мукабела (рецитирање на целиот Куран за време на месецот Рамазан) во џамијата Алаџа во Скопје. Го посетувал Институтот за исламски закон и арапска книжевност „Ал-Фуркан“ во Дамаск, Сирија, а потесно поле на интерес во тој период му била рамноправноста на жените во исламот.

Студирал на Европскиот факултет за исламски студии во Шато Шинон, во Франција, и во 1998 година добил диплома по исламска теологија и религиозни принципи. Магистрирал во 2014 година на Универзитетот „Ал-Узaј“ во Бејрут, Либан, одбранувајќи го магистерскиот труд на тема „Современа исламска мисла“. Докторирал на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар на темата „Хоризонталните аспекти на исламот“, под менторство на поранешниот реисулулема на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, д-р Мустафа еф. Цериќ. Од 1995 година е имам во џамијата во Пенцберг, Германија.

Во текот на изминатите дваесет години активно е вклучен во јавниот живот, како во регионот така и во Германија.Во поглед на неговата верска и општествена посветеност доволно е да се напомене дека има објавено околу петстотини статии во германските весници и списанија и дека за него има направено документарец. Станува парадигма за исламската заедница во Германија, со големо влијание врз свеста на луѓето. Во Германија е мошне познат, претседава со Минхенскиот исламски форум, кој плани- ра да го изгради Минхенскиот исламски центар што ќе биде сочинет од голема просторија за состаноци, џамија и музеј. Автор на книгата „Добар ден, г. Имам“ („Gruß Gott, Herr Imam“) и на најновата книга на германски „Како го разбирате Куранот, господине имаме?“ (“Wie verstehen Sie sen Koran, Herr Imam?“). Зборува повеќе јазици – германски, турски, албански, арап- ски, босански и македонски.

1 book by this author: