Бернхард Шлинк
Бернхард Шлинк (1944 г. Билефелд, Германија) е правник, професор и еден од најзначајните писатели од поновата германска литература. Тој ја започнува својата писателска кариера со крими-романи, за кои добива повеќе награди. Во еден од неформалната крими трилогија, Гордиевата врвка, можат да уживаат и македонските читатели. За својот прв роман со некриминална тематика, Читачот, кој е преведен на повеќе од 50 јазици, Шлинк ги добива наградите Hans-Fallada-Preis, италијанската награда за литература Grinzane Cavour, како и наградата на Франција за преводна литература Prix Laure Bataillon. Како круна на успехот, романот стигнува до првото место на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс. ИЛИ-ИЛИ ги објави и прозните остварувања на Шлинк кои следеа: романите Враќање дома, Викенд, Жената на скалите, како и збирките раскази Бегства од љубовта и Летни лаги.