blazhe-arizanov

Блаже Аризанов

Блаже Аризанов е роден на 24 мај 1988 година, во село Борисово, Струмичко. Во 2010 година дипломира на Економскиот факултет во Прилеп, а во 2011 година заминува на практична работа во Индија. По четири години во деловниот сектор во Њу Делхи, заедно со Санчит Сети ја основа компанијата Stay Uncle, чија дејност е агрегација на хотели за краток престој на млади љубовни парови. Компанијата беше прогласена за една од 50 најдобри работи што ѝ се случиле на Индија во 2016 година од страна на реномираниот меѓународен магазин Кварц, а компанијата е постојано споменувана во реномирани бизнис-портали од типот на Блумберг и Форбс. Блаже е исто така активен блогер и инструктор по јога.

1 книга од овој автор: