blazhe-minevski

Блаже Миневски

Блаже Миневски е автор на романите Требаше да се сликаме пред да се замразиме, Приказна за третиот, Свирци, Црна лисица и Нишан, а досега има објавено и неколку книги раскази, меѓу кои и Пристапната беседа на академик Сисое и Сезона на глуварките. Досега ги има добиено сите најзначајни книжевни награди во Македонија. Како автор на десетина пиеси, има добиено неколку награди на Националниот фестивал на македонските професионални театри во Прилеп, а за пиесата Немушт јазик ја доби наградата на МНТ за најдобар драмски текст на годината. Романот Нишан, со поддршка на Традуки, европска мрежа за книжевност и преводи, е преведен и објавен на српски јазик во Белград, а романот Требаше да се сликаме пред да се замразиме е преведен и објавен на бугарски јазик во Софија. Блаже Миневски е застапен во сите антологии на маке- донската кратка проза објавени во последните дваесетина година, а негови раскази се преведени на англиски, фран- цуски, германски, кинески, италијански, шпански, руски, романски, словенечки, хрватски, унгарски, турски и српски јазик.

2 книги од овој автор: