brian-tracy

Брајан Трејси

Брајан Трејси е претседавач и извршен директор на Брајан Трејси интернешенал, компанија која е специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побргу и полесно одошто некогаш сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, самопочитување, цели, стратегија и креативност ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе во 10.000 компании ширум Америка, како и во 55 други земји ширум светот. На неговите предавања за личен и професионален развој присуствуваат менаџерите и вработените во најголемите американски компании, а неговите возбудливи говори и семинари за психологија на лидерство, продажба, самопочитување, цели, стратегија, креативност и успех носат брзи промени и долготрајни резултати. Тој истражувал, пишувал и предавал во областа на економијата, бизнисот, филозофијата и психологијата повеќе од 30 години. Се вбројува меѓу најпродаваните автори чии книги се преведени на многу светски јазици. Напишал и реализирал повеќе од 300 аудио и видеопрограми за учење, вклучувајќи ја и светски познатата и најпродавана Психологија на достигнувањето, преведена на повеќе од дваесет јазици.

10 books by this author: