Брит Бенет
Брит Бенет (1989) е американска авторка која стекна светска слава со својот роман „Половината што ми недостига“. Родена е во Јужна Калифорнија, каде што и се школувала. Дипломирала на Универзитетот Станфорд, а на Универзитетот во Мичиген магистрирала во областа на убавите уметности. Досега има објавено два романа, „Мајката“ („The Mother“) во 2016 г. и „Половината што ми недостига“ („The Vanishing Half“), во 2020 година, во кои зборува за родниот град, иселувањето, идентитетот и расизмот.
Нејзиниот дебитантски роман беше бестселер на „Њујорк тајмс“, а стигна и до финалето на две големи награди – наградата „Џон Леонард“ за најдобар роман што ја доделува Националниот кружок на книжевни критичари, и наградата „Роберт В. Бингам“ за дебитантски роман што ја доделува Американскиот ПЕН-центар. Вториот роман, веднаш по објавувањето во 2020 година, стигна на врвот на бестселери на „Њујорк тајмс“, беше прогласен за една од најдобрите книги на годината и стана финалист за Женската награда за уметничка литература.
Освен по романите, Бенет е препознатлива и по своите есеи, кои ги објавува во „Магазин“, „Париз ривју“ и „Језебел“. Првиот есеј за „Језебел“, насловен како „Не знам што да правам со добрите белци“, за само три дена имал неколку милиони прегледи.