bruno-simlesa

Бруно Шимлеша

Белешка за авторот од авторот

Во една книга напишав дека сум идеолог. Ме воодушевуваат светот на идеите и привилегијата што ја имаме со својот ум и своето срце да ѝ дадеме на вистината сцена на која може да игра танго. Вистински уживам секогаш кога имам таква чест, а книгите се врвот на таа заедничка, алхемичарска игра. Досега напишав седум книги: И без тоа ми е жешко во ракавици (2012), Љубовологија (2011), Школа на животот (2009), Совршенството на креацијата (2007), Наслушнувајќи го пладнето (2007), Ти благодарам, љубов (2003) и Судбина на душата (2001). Би уживал во нашата игра и доколку не ги објавам резултатите од таа романса, но драго ми е да ги споделам со вас. Го обожавам и пишаниот и изговорениот збор, па така уживам во промоциите и предавањата што ја придружуваат секоја книга. Еден од таквите врвови ги имав на ТЕД конференцијата во Љубљана (2013), а тој говор за љубовта лесно можете да го најдете на Интернет. Сигурен сум дека и на љубовта ѝ се допадна што ѝ оддадовме почест! Но идеите не сакаат само да бидат слушани, читани или промислувани, туку и живеани. Така се остварува нивната судбина. Тие сакаат да пулсираат во вашите жили, сакаат да ви помогнат навистина да живеете, а не само да преживувате, сакаат да ги инспирираат вашите срца и умови. И затоа ја обожавам својата улога на писател. Извонредно е тоа што имам чест со вас да го поделам интимното доживување на идеите кои потоа живеат низ вас. Како што гледате, не ги сакам класичните белешки за авторот. Меѓу другото и затоа што денес се лесно достапни сите класични информации. Ајде да ве поштедам од некој клик на глувчето: во брак сум од 2007 година, имаме прекрасна петгодишна ќерка, дипломирав социологија на Филозофскиот факултет во Загреб (2002), а моментално, освен пишувањето и предавањата, ја водам емисијата Секој ден – добар ден на Хрватската телевизија. Својот живот го посветив на откривање на тоа како функционира светот. Знам дека ваќе открив многу закони и нив со задоволство ги споделувам со вас, исто како што знам дека до- прва ми претстои откривање на многу други. А тоа значи дека можеме да се радуваме на нови книги! До следната средба, уживајте во создавањето на животот што го заслужувате!

2 книги од овој автор: