camilla-lackberg

Камила Лекберг

Камила Лекберг е родена во 1974 г. Во Фјелбака, мало рибарско место на север од Гетеборг. Дипломира на Економскиот универзитет во Гетеборг, а потоа се сели во Стокхолм каде што работи неколку години како економист. Но, курсот по креативно пишување на криминалистичка проза ја поттикнува на драстична промена во кариерата. Нејзините први романи се бестселери во Шведска и за кратко време таа успева да ја престигне популарноста на славните Стиг Ларсон и Астрид Линдгрен, и да стане најпродаваната шведска писателка на сите времиња. Нејзините дела се секогаш сместени во Фјелбака или околу него, правејќи го ова мало гратче познато место на литературната карта во Шведска. Камила живее во предградието на Стокхолм со својот сопруг Мартин и со своите три деца.

1 книга од овој автор: