carole-martinez

Карол Мартинез

Карол Мартинез е современа француска писателка. Родена е на 10 ноември 1966 година, во семејство со шпанско потекло. Во младоста се интересирала за театар и имала своја трупа со која настапувала низ Франција. Завршила студии по француски јазик и литература. Денес работи како наставничка по француски. Нејзиното прво дело е книгата за деца Крикот на книгата, објавена во 1998 година. Со романот Сошиено срце, објавен во 2007 година, добива низа значајни француски награди и се етаблира како писателка со уникатен стил. Романот е преведен на десетина јазици. Подоцна ги објавува романите Замок на шепотот (2011) и Земјата што учи (2015). Иако нејзините книги им се обраќаат главно на помладите читатели, Мартинез важи за една од најзрелите раскажувачки во Франција и за достојна наследничка на традицијата на магичниот реализам.

0 книги од овој автор.