Каролина Шути
Каролина Шути е родена во 1976 г. во Инсбрук, Австрија. Студирала германски јазик, англоамерикански студии и класична гитара. По одбраната на својата докторска теза за творештвото на Елијас Канети, станала предавач на Универзитетот во Фиренца, а потоа научноистражувачки соработник во Книжевна куќа во Ин. Од 2009 до 2013 година била член на Советот при Бренерскиот форум и член на Одборот при Бернерската архива. Објавувала книжевни есеи, критики и публикации во литературни списанија, менаџирала и модерирала книжевни настани, водела интердисциплинарни проекти и држела предавања за поетика. Во 2007 г. ги објавила своите први текстови во антологии, а во 2010 г. првиот роман На тој што го носат не му требаат чевли, со кој го привлекува вниманието на читачката публика и на критиката, која ја истакнува „големата раскажувачка умешност, довербата во моќта на едноставниот јазик и изразито личниот тон кој сведочи за голема зрелост“. Ја прекинала хабилитацијата (Меморијата и општеството) за да му се посвети на пишувањето. Оттогаш има објавено уште еден роман, радиодрами и најновата новела Бувовите тивко летаат. Во фев- руари 2018 г. е објавена нејзината прва збирка поезија Nervenfieber. Нејзините дела се преведени на француски, италијански, полски, хрватски, српски, албански, бугарски, литвански, унгарски и македонски јазик. Каролина Шути живее како самостоен писател во Инсбрук.