charles-duhigg

Чарлс Дјухиг

Чарлс Дјухинг е американски новинар-истражувач и писател. Роден во 1974 година, во Ново Мексико, САД. Дипломирал историја на Универзитетот Јејл, а магистрирал на Школата за бизнис на Харвард. Најпрво работел како новинар во Лос Анџелес тајмс, а од 2006 до 2017 година бил репортер во Њујорк тајмс. Бил дел од тимот кој во 2013 година ја добил Пулицеровата награда известувајќи за деловните политики на Епл и на другите технолошки компании. За својата новинарска работа и за објавените книги е добитник на повеќе значајни награди - наградата на Националната академија на науките, наградата на Националниот новинарски центар, наградата Џорџ Полк, наградата Џералд Лоуб. Како автор и соработник учествувал во создавањето на Златни можности (2007), серија статии во кои се истражуваат начините на кои компаниите се обидуваат да заработат од Американците во понапредна животна возраст, потоа на серијата Пресметка (2008), која се занимава со причините и последиците на економската криза, како и Отровни води (2009), серија написи за големото загадување на американските води и реакцијата на законодавците. Неговата прва книга Моќта на навиките е објавена во 2010 година и повеќе од три години беше на листата на бестселери на Њујорк тајмс. Во 2016 година ја објави Попаметно, побрзо, подобро: тајните за продуктивност во животот и во работата, која исто така прекуноќ стана бестселер на Њујорк тајмс,

1 book by this author: