clare-pooley

Клер Пули

Клер Пули (1970) дипломирала економија на колеџот „Њунам“ при Универзитетот „Кембриџ“ и дваесет години поминала во опојниот свет на адвертајзингот, пред да се посвети на мајчинството. Автор е на исклу- чително популарниот блог „Mummy was a Secret Drinker“ под псевдонимот Sober Mummy (Трезна Мајка), а нејзините мемоари „Трезните дневници“, издадени од „Ходер“ во 2017 година, добија високи пофалби. Нејзиниот блог има повеќе од два милиона по- сетители, а таа неодамна држеше предавање на TEDx насловено како „Не е срамота да си трезен“.

Дебитантскиот роман на Клер, „Проект Автентичност“, е инспириран од времето кога работела адвертајзинг, свет во кој границата меѓу автентичноста и фикцијата е постојано заматена, и преку сопственото искуство открива прилично груби вистини за нејзиниот навидум совршен живот прикажан во нејзините мемоари.

Клер Пули пишува од својата кујнска маса во Фулам, Лондон, каде што живее со својот крајно трпелив сопруг, трите деца, едно куче и еден африкански пигмејски еж.

1 book by this author: