colleen-mcCullough

Колин Мекалоу

Колин Мекалоу е родена во 1937 година во Австралија. По образование била неврофизиолог и работела како истражувач и предавач на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јејл. Писателската кариера ја започнала со романот „Тим“, а после тоа го напишала светскиот бестселер „Птиците умираат пеејќи“ што досега во светот е продаден во повеќе од триесет милиони примероци. Библиографијата на Мекалоу е долга, а добитничка е на бројни награди и признанија. Колин Мекалоу е авторка и на популарната серија историски романи за Стариот Рим, како и на пет криминалистичко-детективски романи. Освен проза, таа пишувала текстови и за музички театар. Почина во 2015 година.

1 book by this author: