colm-toibin

Колм Тојбин

Колм Тојбин е роден во 1955 година, во Ирска. Автор е на седум романи. За романот Бруклин во 2009 година (филмуван во 2015) ја добива наградата Коста за роман на годината. Романот Господарот во 2004 година влегува во потесен круг за наградата Букер и ги добива наградите на Лос Анџелес тајмс и ИМПАК Даблин. Тојбин е автор е на две збирки раскази: Мајки и синови, за која ја добива наградата Еџ Хил, и Празно семејство. Пишува и патописи и новинарски текстови, кои се објавени во книгите Лоша крв, Омаж за Барселона, Знакот на крстот и Љубов во мрачно време. Неговите книги се преведени на седумнаесет јазици. Живее во Даблин.

1 book by this author: