d-t-suzuki

Д. Т. Сузуки

ДАИСЕЦ ТЕИТАРО СУЗУКИ, најистакнатиот јапонски познавач на зен-будизмот и автор на повеќе од сто дела на таа тема, починал во Токио, во 1966, на возраст од 95 години. Својата кариера ја почнал како учител по англиски јазик, а како ученик на будизмот се обучувал во познатиот зен манастир во Камакура. Од 1897 до 1908 работел во Соединетите Држави како рецензент и преведувач; подоцнал станал доцент на Царскиот универзитет во Токио. Во 1911 се оженил со Беатрис Ерскин Лејн; тие потоа заедно го основале и го уредувале Истерн будист (The Eastern Buddhist), списание на англиски јазик кое го објавувале во Кјото. Не го посетувал пречесто Западот, но во 1950, на осумдесетгодишна возраст, се вратил во Соединетите Држави и најголемиот дел од претстојната деценија ја поминал поучувајќи, држејќи предавања и пишувајќи, особено на Колумбија, Харвард, Универзитетот на Мексико и конференциите Еранос во Швајцарија. Откако се вратил во Јапонија, на возраст од 90 години, Сузуки заминал на четиринеделна турнеја по Индија како почесен гостин на индиската влада, а на возраст од 94 години повторно го посетил Њујорк, каде што дискутирал за зенот со отец Томас Мертон, а потоа учествувал на конференцијата East-West Philosophers во Хонолулу. Меѓу другите научници со кои се спријателил и врз кои извршил влијание се К. Г. Јунг, Ерих Фром, Мартин Хајдегер, Карл Јасперс, Арнолд Тојнби, Габриел Марсел и Херберт Рид, кој за Сузуки напишал: „Тој во себе ја обединуваше невиноста на дете со светоста на светец“.

1 book by this author: