daniel-j-siegel

Даниел Џ. Сигел

Даниел Џ. Сигел, доктор по медицина, има дипломирано на Медицинската школа на Харвард, ги има завршено постдипломските медицински студии на УКЛА, од областа на педијатријата и детската, адолесцентската и возрасната психијатрија. Во моментов е клинички професор по психијатрија на Медицинската школа на УКЛА, кодиректор на Истражувачкиот центар за свесност при УКЛА, истражувач во Центарот за култура, мозок и развој и извршен директор на Институтот за свесност, едукативен центар посветен на промовирање на свесноста, сочувството и емпатијата кај поединците, семејствата, институциите и заедниците. Психотерапевтската практика на д-р Сигел во изминативе дваесет и пет години вклучува деца, адолесценти, возрасни, парови и семејства. Д-р Сигел е автор на повеќе познати книги како Родителство однатре нанадвор: Како подлабокото себеразбирање може да ви помогне да одгледате деца што напредуваат (заедно со Мери Харцел, магистер по едукација), Свесниот мозок, Свесност: Новата наука за лична преобразба и Умот во развој. Живее во Лос Анџелес со сопругата и двете деца.

1 book by this author: