daniele-del-giudice

Даниеле дел Џудиче

Италијанскиот прозаист Даниеле дел Џудиче е роден во 1949 година, во Рим, но живее и работи како универзитетски професор во Венеција. На италијанската книжевна сцена се појавува во 1983 год., со романот Вимблдонскиот стадион, за кој се закитува со наградата „Вјареџо“ за дебитантски роман. По две години го објавува Западен атлас, а во 1997 год. култната збирка раскази Манија. За својот претпоследен роман, Подвижен хоризонт, во 2009 год. ја добива Европската награда за литература, во нејзиното прво издание. Во 2001 год. францускиот режисер Матје Амалрик снима филм според дебитантскиот роман на Дел Џудиче. Добитник е на многу книжевни награди, како „Бергамо“ (1986), „Багута“ (1995) и „Фелтринели“ (2002), покрај гореспоменатите. Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици. Даниеле дел Џудиче има објавено и драмски текстови, како и голем број есеи за Итало Звево, Томас Бернхард, Роберт Луис Стивенсон и Примо Леви, за кого го напишал и предговорот во изданието на неговите собрани дела.

1 book by this author: