danilo-kocevski

Данило Коцевски

Данило Коцевски (1947–2020) основно, средно и високо образование завршил во Скопје, каде што дипломирал на Филозофскиот факултет. Како стипендист на Француската влада, една учебна година престојувал на Универзитетот во Бордо на Факултетот за книживности, каде што ја истражувал француската книжевност, особено книжевната критика и теоријата. Во Скопје бил асистент на Факултетот на интердисциплинарните студии по новинарство, каде што ги водел вежбите по предметот практика и теорија на новинарството. Бил претседател на Советот на „Рациновите средби“ во Велес, а во периодот од 2008 до 2012 година година бил и директор на светската манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Првото професионално вработување му било во весникот „Млад борец“ веднаш по завршувањето на гимназијата. Во 1973 година се префрлил во културната рубрика во МРТВ, тогашната Радиотелевизија Скопје, каде што уредувал емисии од областа на културата, особено на издаваштвото и претставувањето на новите изданија. Истата година станува член на Друштвото на писателите на Македонија. Бил еден од иницијаторите за основањето на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски. Во 1982 г. е назначен за главен и одговорен уредник на едно од нашите најзначајни списанија за култура и литература „Разгледи“. Во текот на 90-тите години, заедно со група еминентни македонски писатели, го основал „Здружението на независните писатели на Македонија“. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот. Коавтор е на популарната телевизиска серија „Досие Скопје“ (2000 г.), а неговите бројни колумни за Скопје во периодиката стекнаа голема популарност и читаност.

1 book by this author: